Зекири: Порано или подоцна, законот за јазици ќе биде донесен

Од:

Потпретседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Мухамед Зекири вели дека порано или подоцна Законот за јазици ќе биде донесен. Тој не знае кога ќе биде свикана седницата за разгледување на законот, но вели дека до тогаш ќе има дополнителни координации со цел усогласување на ставовите меѓу партиите во Законодавниот дом.

„Носењето на законот за јазици е обврска која мора да се исполни. Ние го гласавме два пати законот, тој е согласно уставот. Уставниот суд треба да пресече доколку тој не е регуларен. Дали законот ќе биде изгласан на наредната седница, останува да видиме. Порано или подоцна, Законот ќе биде донесен“, вели Зекири за „Макфакс“.

Во однос на прашањето дали СДСМ и коалицијата би дозволила повторно блокирање на Собранието поради Законот за јазици, Зекири вели дека тие немат таква желба.

„ВМРО-ДПМНЕ е партија која тврди дека ги поддржува законите кои треба да не однесат во Европската унија, ако е така, треба да учествува во работата и во пракса да го покаже тоа. Тие како политичка партија сами ги носат одлуките за тоа дали ќе се придржуваат до тоа што кажуваат“, додава Зекири.

Изминатата недела, седницата на која требаше да се разгледуваат амандманите за Законот за јазици беше два пати одложена, а потоа откажана. Собранискиот спикер на партиите им даде рок од една недела да ги усогласат ставовите, а неофицијално се очекува најдоцна до четврток да биде одржана седницата.

К.Л.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски