Милчин: Милошоски не може да разбере дека критиките кон Заев не се со цел Мицкоски да дојде на власт

Од:

Владимир Милчин одговори на коментарот на Антонијо Милошоски кој вчера напиша дека ако Мицкоски продолжи математички прецино да тактизира, „тогаш ќе ни ја преземат и улогата на опозиција“.

Ете, Милошоски ми ти имал одговор на прашањето кое ги мачи преторијанците околу Заев: Што сака сега стариот Милчин? Па вели Милошоски: Сега, доколку Милчин и неговите истомисленици продолжат со категорични критики кон власта, а водството на ВМРО-ДПМНЕ сеуште “математички прецизно” тактизира, се плашам дека можат да ни ја превземат улогата и на опозиција.

Но, нему му е јасно барем она што не им е јасно на сите во СДСМ: Јавно изговорените критики не се резултат на мојата намера да го урнам Заев за да го доведам на власт Мицковски, туку да го потсетам Заев на принципите и целите кои јавно ги промовираше и за кои јавно се обврза дека ќе ги спроведе на дело доколку ја освои власта.
Значи, во едно се согласувам со Милошоски: Јас и тој (и неговите сопартијци од врхушката) не можеме да бидеме сојузници, не поради идеолошките разлики, туку поради нивното криминално владеење. А неговиот страв дека јас и моите истомисленици (?) ќе сме ја преземеле улогата на опозиција е ишкање на мувата од капата. Улогата на релевантна опозиција ВМРО-ДПМНЕ може да ја игра само доколку се реформира однатре и се исчисти од криминалците и насилниците.

А тоа нема врска со моето право и обврска јавно да ги споделувам моите критички опсервации за секоја власт. За минатата, сегашната и идната. Јасно ми е дека Милошоски и нему сличните не можат да го разберат тоа, зашто не им се вклопува во партиски лимитираните умови, но сепак ќе ги потсетам дека партиите немаат монопол врз вистината, како што немаат монопол врз љубовта кон татковината. Особено кога љубовта кон татковината ја сведуваат на љубовта кон партијата и власта.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски