Натпреварот од 25. коло меѓу Барселона и Црвена Звезда, освен по високиот пораз на српскиот шампион со 34 поени разлика (88:54), ќе остане запаметен и по прекинот од 15-минути за менување на таблата.
Имено кошаркарот на Барселона Анте Томиќ по асистенција на Рибас тргна кон кошот на „црвено-белите“ и со забивање преку Перо Антиќ ја скрши таблата.