А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Годинава во Кочанско ќе се наводнуваат 3.755 хектари со ориз

by А1он09/03/2018 - 13:22208
Share0

Водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани го донесе планот за наводнување за 2018 година со кој е предвидено да се обезбеди вода за 6.625 хектари што се опфатени со хидросистемот. Од нив, со ориз ќе се засеат 3.755 хектари, што претставува зголемување од околу една третина во однос на минатогодишната сезона.

Добивај вести на вибер

Најголеми површини, по околу 300 хектари, со главната земјоделска култура во кочанскиот регион ќе се засеат во атарите на селата Облешево, Чешиново, Соколарци и Спанчево, а останатите површини се во другите села.

– Со објавувањето на планот за наводнување ќе им овозможиме на земјоделците од целиот Брегалнички регион навремено да се запознаат кои површини ќе добијат вода и со какви култури ќе можат да ги засеат. Освен со ориз, годинава планираме да наводнуваме и над две илјади хектари со луцерка, главно во Светиниколско, како и 1.100 хектари со фуражна пченка во Зрновско и Штипско, истакна директорот на водостопанската подружница „Брегалница“, Дени Митров.

Останатите површини што ќе се наводнуваат од хидросистемот „Брегалница“ се лозови и овошни насади, градини и ниви со тутун, бостан и други земјоделски култури.

За да може планот да се реализира во целост на целото подрачје што го покрива водостопанската подружница, ќе бидат потребни над 106 милиони метри кубни вода. Според дотокот од Брегалница, што во моментот е околу 30 метри кубни вода во секунда, како и од другите реки во регионот, се очекува до започнување на сезоната за наводнување да се акумулираат планираните количини.

Според годишниот план водата во каналите треба да се пушти во почетокот на април, по што ќе започне и сеидбата на оризот.

kocani

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Горан Наумовски16/03/2026 - 12:20

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Горан Наумовски16/03/2026 - 12:03

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски16/03/2026 - 10:1116/03/2026 - 10:29

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 14:12

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 10:56

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 10:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто