Обама планира да стане продуцент на Нефликс

Од:

Поранешниот американски претседател Барак Обама е во преговори со Нетфликс со цел да биде продуцент на високобуџетна серија. Разговорите се уште не се завршени, но се во напредна фаза.

Обама сепак нема да го користи своето шоу на Нетфликс за да упатува критики кон конзервативната политика на својот наследник Доналд Трамп, пишуваат американските медиуми.

– Претседателот и г-ѓа Обама секогаш верувале во моќта на приказната да инспирира. Во нивниот живот, тие често ги популаризираат луѓето кои сакаат го променат светот кон подобро. Новиот проект значи продолжување на таа пракса, изјави Ерик Шулц, советник на поранешниот претседател.

Првичните информации говорат дека тоа ќе биде документарна серија за разговорите кои Обама ги имал околу своите политички реформи, од коишто некои и денес создаваат поделби во американското општество. Мишел Обама пак, е заинтересирана за темите околу нејзината вечна страст – нутриционизмот.

Хонорарот за планирате продуценти, се уште не се соопштува.

Инаку, Барак и Мишел Обама моментно ги подготвуваат и своите мемоари за коишто добија 60 милиони долари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Обама со гестови го исмејуваше Трамп: „Тој е опседнат со величината“

(ВИДЕО) Мишел и Барак Обама ја поддржаа Камала Харис: „Ни се враќа надежта“

Според Обама, Путин се однесува на нов „непромислен“ начин

А1он

Бајден и Обама ќе се обратат за успесите и новините околу законот за достапно здравство

А1он

Обама е заразен со коронавирус

Ана Ололовска

Обама и се заблагодари на Меркел што ја држеше ЕУ заедно

А1он