Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска ќе ја посети општината Кичево и ќе се сретне со градоначалникот Фатмир Дехари.
Дураки и Дехари ќе ја посетат и пречистителната станица за отпадни води, која е пуштена во употреба во декември минатата година.
Средствата за нејзина изградба се обезбедени преку ИПА 1 компонентата во висина од 8.254.353 евра.