Од денеска стартува нов Видео Портал- НОВА (www.novatv.mk) во кој се обединети неколку новинари од поранешната А1 Телевизија: Борјан Јовановски како главен и одговорен уредник на НОВА, Биљана Секуловска, Менче Атанасова-Точи, Александра Бубевска, Сашка Цветковска и Дамјан Варошлија.
На НОВА секојдневно ќе се емитуваат вести, стории и интервјуа, како и емисии (неколку пати неделно). Основачи на НОВА се Биљана Секуловска и Борјан Јовановски.