Уставен поведе постапка за одлуките на Советот на Валандово за референдумот за Казандол

Од:

Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на две одлуки за распишување референдум на локално ниво, донесени од Советот на Општина Валандово на 3 и 10 јули 2017 година.

Одлуките се однесуваа на референдумот за експлоатација на минерални суровини од Казандол.

Судот смета дека одлуките за референдум се неуставни и незаконити, бидејќи прашањето на концесии не е од локално значење за да може локалната самоуправа да распишува референдум.

Подносител на иницијативта е поранешниот градоначалник на општина Валандово Николче Чурлиновски.

Чурлиновски во јули минатата година го забрани референдумот за рудници во Валандово. Референдумот, кој беше на иницијативата „Спас за Валандово“ по тримесесечни обиди за закажување, сепак се одржа на 20 август, но не успеа оти немаше доволна излезност.

Би можело да ве интересира

Маж од Валандово запалил возило на сограѓанин

Автомобил тешко повреди 67-годишен пешак

Им ја запалил влезната врата, кога излегол сопственикот го испрскал со спреј – уапсен 23 годишник во Валандово

Анита Петровска Рајковиќ

56-годишен маж од Валандово пронајден починат во својот дом

Манифестација Меѓународен ден на задруги 2023 во Валандово

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска