Грозданов: Добиената арбитража за „Казандол“ е пирова победа

Од:

Да избегнеш плаќање стотици милиони евра од државниот буџет е добра вест. Но, што е со другата страна на приказната? „Казандол“ можеше да биде еден од најзначајните индустриски проекти во независна Македонија, пишува металуршкиот инженер и колумнист, Виктор Грозданов во својата последна колумна посветена на разврската за проектот за изградба на рудникот за бакар „Казандол“ кај Валандово.

„„Казандол“ можеше да биде еден од најзначајните индустриски проекти во независна Македонија. Според првичните проценки, рудникот требаше да донесе директно неколку стотини работни места, а индиректно – уште илјадници. Општинските каси во југоистокот на државата ќе добиваа милиони евра годишно, кои ќе значеа асфалтирани улици, училишта, канализации и инфраструктура што ја чекаме со децении. Државниот буџет ќе инкасираше значителни даноци, а Македонија ќе добиеше стратешки капацитет со геополитичка тежина имајќи предвид дека оттаму ќе се експлоатираше бакар, еден од минералите на листата „критични суровини“ на Европската Унија“, пишува Грозданов.

Според Грозданов, тогашната Влада во 2018 година погрешила кога наместо врз основа на аргументи донела одлука поради популизам на штета на економскиот развој на државата и повисок животен стандард на граѓаните.

„Во време кога требаше да се донесуваат храбри одлуки, тогашната Влада клекна пред уличниот популизам и пред неколку гласни организации, дел од нив финансирани со јасни агенди против било каков крупен индустриски проект“, пишува во колумната.

Според Грозданов, овој случај треба да биде предупредување: следниот пат кога ќе се појави слична инвестиција, прашањето не треба да биде „дали да ја блокираме“, туку „како да ја направиме најдобра за граѓаните и за државата’“, пишува Грозданов во колумната.

Би можело да ве интересира

„И Здравје и Работа“: Стратешките рударски проекти не смеат да бидат заложници на уцени и ултиматуми

Земјите од БРИКС произведоа повеќе од 40 отсто од светскиот БДП

Треновски: „Моментално сме во смирена тишина, како пред да почне бурата“

Горан Наумовски

Алказар Енерџи Партнерс обезбеди финансиско затворање за Ветерниот парк Штип, најголемиот проект за ветерна енергија во Северна Македонија

Предраг Петровиќ

Од Владата тврдат дека Македонија е со една од најниските стапки на инфлација во Европа

A1on

Димитриеска-Кочоска: Растот од 4,3% потврдува дека економијата е на вистинскиот пат