Заедничкиот организациски комитет на фудбалскиот Мундијал 2026 година ќе има тројца претседатели.
Домаќини ќе бидат САД, Канада и Мексико, а првите луѓе на тамошните сојузи ќе бидат раководители на организацијата на првенството.
Така, организацискиот одбор ќе го предводат Стив Рид – претседател на Фудбалската федерација на Канада, Карлос Кордеиро од Фудбалскиот сојуз на САД и Дезио де Марија, првиот човек на мексиканскиот фудбал.
Оваа година Светското првенство ќе се игра во Русија, додека следното во 2022 година е предвидено да се одржи во Катар.