Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп за десетина дена ќе го соопшти поширокиот список со играчи кои ќе претендираат за настап на Мундијалот во Русија.
Франција овој месец ја очекуваат две пријателски средби, со Колумбија на 23 март на домашен терен и со руската репрезентација на 27 март во Санкт Петербург, по што Дешамп ќе добие појасна слика околу составот со кој ќе отпатува на Светското првенство кое од 14 јуни до 15 јули ќе се игра во Русија.
Франција на СП ќе игра во група со Данска, Австралија и Перу.