Анди Асо Еранг (36) од Индонезија отишол да лови школки и веќе не се вратил, а неговата рака и нога биле пронајдени во стомакот на голем крокодил, поради што индонезиската полиција верува дека ѕверот го распрачил и изел.
Полицијата го застрелала крокодилот долг 6 метри во близина на обалата на реката каде што 2 дена претходно исчезна Еранг, работник на плантажа за палмино масло.
На местото каде што исчезнал полицијата го пронашла неговиот мотоцикл и сандалите.
Откако го убиле крокодилот, во него пронашле остатоци од телото на Еранг, со што се потврдиле сомневањата дека ѕверот го нападол и изел.