Вардар тренира во комплетен состав, за Чупиќ ќе се знае во недела

Од:

Вардар во недела во Скопје ја пречекува Висла Плоцк во последниот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите.Тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалез на денешната прес-конференција соопшти дека се подготвуват во комплетен состав, а дека по подолго време на располагање ќе го има и Иван Чупиќ.

– Тренираме во комплетен состав, тоа значи дека и Иван Чупиќ е со тимот, но дали ќе настапи тоа ќе знаеме во недела. Ова е предноста кога играш на домашен терен, можеш да чекаш до последно пред да донесеш одлука околу составот, рече Гонзалез.

Хрватскиот интернационалец Иван Чупиќ по завршувањето на Европското првенство не играше подолг период поради повреда на коленото.

За Вардар овој натпревар е од исклучително значење бидејќи со победа ќе го освои првото место, односно ќе има директен пласман во четвртфиналето.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски