(ВИДЕО) ЕКСПЕРИМЕНТ ЗА ВИКЕНД: Што ќе се случи ако затрупате „Галакси С8“ во снег на Водно?

Од:

Снешковци, санкање, скијање, романтични прошетки се главни активности што се практикуваат за време на зимата, доколку има снег. Но, доколку снегот го нема во градовите, тогаш на располагање ни се планините каде, во помали или поголеми количини, веќе има бела покривка.

Таму, пак, на „мени“ можат да бидат активности од типот: борба со снежни топки, санкање врз кеси, ставање снег некому во врат, и слични „учтиви“ и друштвени постапки.

Сепак, кога веќе станува збор за снежни лудории, можеби треба да се проба и нешто што е поврзано со мобилните уреди. На пример, може со нечиј телефон да се игра криенка, така што ќе биде сокриен во снег, со надеж дека сопственикот бргу ќе си го најде. Во спротивно ќе чека да се стопи снегот.

Но, не секој мобилен телефон може да биде затрупан во снег. Водата лесно ги оштетува осетливите електронски делови на овие уреди, по што тие стануваат целосно неупотребливи.

Доколку и натаму на планина сте расположени за лудории и палави активности со мобилен телефон, тогаш е подобро трикот со криење во снег да се направи со еден од најдобрите уреди на „Самсунг“, моделот „Galaxy S8+“. Тој не пропушта вода, а снегот и студенилото воопшто не му пречат за комотно да работи и во екстремни ситуации.

За да се увериме дека телефонот навистина е толку издржлив и без мака работи под снег, се решивме да го тестираме на терен. Го однесовме на мала „прошетка“ на Водно и при првата прилика што ни се укажа, го затрупавме во снегот.

Камерата што ја вклучивме пред да го почнеме експериментот, во ниту еден миг не се поколеба, иако телефонот веќе беше под дебел слој снег. Таа продолжи и натаму да снима, иако врз уредот се напластуваше снегот.

Уредот, благодарение на дизајнот и материјалите, коишто не пропуштаат вода, продолжи да работи беспрекорно и откако беше изваден од снегот.

Според спецификациите, Galaxy S8 можете да го држите до половина час во слатка вода и тоа до длабочина од метар и половина. Производителот „Самсунг“ гарантира дека тој и натаму ќе работи како да се наоѓа на суво.

Би можело да ве интересира

Помилуван директорот на Самсунг кој беше во затвор поради поткуп

Самсунг преговара за зголемување на цената на чиповите

Ана Ололовска

Бескрајно забавни фотографии со новиот Samsung Galaxy A53

А1он

Зара, Самсунг и Пејпал меѓу најновите компании што ги затворија бизнисите во Русија

„Самсунг“ ќе гради фабрика за полупроводници во САД од 17 милијарди долари

А1он

„Самсунг“ ќе гради фабрика за полупроводници во вредност од 17 милијарди долари

Ана Ололовска