Нејмар оди на операција за да биде подготвен за Мундијалот

Од:

Ѕвездата на ПСЖ Нејмар одлучи да се оперира и да не игра во следните два месеци. Веста денеска е објавена во шпанските медиуми, а потоа потврдена од шпанскиот весник „АС“.

Во текот на викендот напаѓачот заработи повреда за време на дербито со Олимпик Марсеј. Тој ја скрши метатарзална коска на десната нога го напушти теренот со повреден зглоб.

Нејмар се консултирал со лекари кои го убедиле дека за него е подобро да се оперира за да му биде поставена метална плоча и на тој начин да биде сигурен дека ќе настапи на СП 2018 во Русија.

Третманот без операција може да предизвика компликации и на тој начин Бразилецот да го пропушти Мундијалот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска