Гвардиола ја прифаќа казната, но ќе продолжи да ја носи жолтата лента

Од:

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, рече дека е подготвен да ја прифати казната за носење на жолтата лента во финалниот меч на Купот на Англија против Арсенал.

„Граѓаните“ го освоија првиот трофеј под водство на Шпанецот кој на симболичен начин повторно ја поддржа борбата за независност на Каталонија.

– Прифаќам дека ги прекршив правилата, ја прифаќам казната, но јас сум пред се човек, а не само тренер, рече Гвардиола.

– Има четири лица во затвор, останатите беа принудени да бегаат, немаат оружје, само ливчиња. Жолта лента ќе остане со мене до крајот, до последно. Ова е мојот став, додаде Гвардиола.

Во петокот Фудбалската асоцијација на Англија покрена обвинение против Гвардиола за носење жолта лента на натпреварот на ФА Купот против Виган.

Шпанецот има право да одговори на обвиненијата до вечер.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски