Утрински температури под нулата во поголем дел од државата

Од:

Во поголем дел од државата утринава е студено со врнежи од снег и минимални температури под нулата.

Најстудено е во Маврово и Ѓуриште каде се измерени -7 степени, а најтопло во Гевгелија каде утринската температура е три степени над нулата.

Врнежи од снег утринава има во западните делови од државата, а долж Повардарието дува засилен северен ветер. Во текот на денот врнежите од снег ќе биде повремени, а поообилни се очекуваат во ноќните часови. Дневната температура нема да се разликува од утринската и ќе биде во интервал од -2 до 3 степени, а на планините и значително пониска, особено во северните делови.

Врнежи од снег ќе има и во Скопската Котлина, почнувајќи од претпладневните часови, а пообилни ќе бидат во ноќните часови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде околу нулата.

Поради влијанието од многу студена и влажна воздушна маса пообилни врнежи се очекуваат и утре претпладне кога на пониските места ќе се формира снежна покривка од околу 10 до 15 см, а на планините ќе се зголеми и за над 30 см. Во вторник послаби врнежи од снег ќе има во западните и јужните делови од земјава.

До четврток температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Утринските температури од вторник до четврток ќе се спуштаат и под -10 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски