(ВИДЕО) Костовски: Османи да одговори чија надворешна политика застапува и од каде зема плата?

Од:

По прес-конференцијата, Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ одговараше на новинарски прашања.

Како ВМРО-ДПМНЕ ја коментира вчерашната постапка на вицепремиерот Бујар Османи да не присуствува на форумот во Босна и Херцеговина, со образложение дека на истиот тој форум не била поканета Република Косово?

– Би ви одговорил јас во прашална форма, во најмала мера ВМРО-ДПМНЕ беше шокирано во однос на постапката на вицепремиерот Oсмани и би прашале: Чија надворешна политика застапува тој? На Македонија или на Косово?

Од каде зема плата? Од македонските граѓани или од косовските?

Она што е многу важно е да прашаме: Дали е ова официјален став на СДСМ, Македонија да не учество на оние форуми каде што не е покането и Косово?

И многу важно работа е доколку не знаеме кој е одговорен за надворешната политика, по овој чин гледаме тоа не се знае, тогаш како може да има Македонија консензус по однос на надворешната политика кога се во прашање многу важни теми кои што го допираат идентитетот, одговори Костовски.

Би можело да ве интересира

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски