Аматерскиот хуманитарен велеслалом во Маврово прикажан на американска телевизија

Од:

Светлечкото шоу на ноќно спуштање за време на Хуманитарниот велеслалом по ски-патеките во Маврово, каде скијачите и сноу бордерите се симнуваат со бакљи со црвена и жолта боја, прикажано на американската телевизиска програма „Right this Minute“.

Аматерскиот хуманитарен велеслалом, како што информираат организаторите, се одржа по 16-ти пат во Маврово, минатиот викенд. На настанот учествуваа 54 екипи во две дисциплини скијање и сноу борд, а беа собрани 10.000 евра кои се донирани за Здружението за хумано-општествен развој „Проект среќа“.

Видеото од ски шоуто, е изработено од Вертиго Скај Кам.

Mavrovo on "Right This Minute" from Vertigo SkyCam on Vimeo.

Според Огњан Циговски од Ски Центарот Маврово, овој момент е одлична можност за Маврово, за Македонија, за туризмот.

– Горд сум што една американска телевизија го емитува и го коментира нашиот настан, кој според нив треба да се предложи како нова олимписка дисциплина. Тоа е одлично за туризмот, но со ова уште еднаш потврдуваме дека сме креативна нација која може да сработиме нешто невообичаено и примамливо за Светот, објаснува Циговски.

Би можело да ве интересира

Полицајци пронашле рачни бомби поставени на планинарска патека

Горан Наумовски

Ослободено мече кое било заглавено на дрво во Маврови Анови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мечка со две мали мечиња снимени на пат во Маврово

Катерина Ѓуровски

Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Сообраќајот на патот Гостивар-Маврово-Дебар во прекин до 16 часот

Ана Ололовска