Викендов постудено и со снег

Од:

Времето утре ќе биде облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег, особено во западните и јужните делови.

Утринската температура ќе се движи од еден до шест степени, а дневната од пет до 11 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека од недела нашето подрачје ќе биде под влијание на релативно студена и влажна воздушна маса, односно под снежен бран. Се очекуваат врнежи претежно од снег, само во крајниот југоисточен дел од земјава повремено ќе бидат од дожд и снег.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од нула до пет степени.

До вторник насекаде се очекува формирање снежна покривка, а на планините ќе има нејзино значително зголемување. Изобилни врнежи од снег се очекуваат во јужните и источните делови на Македонија.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски