Се утврдуваат причините за пожарот во главната зграда на Македонска пошта

Од:

Увидни екипи на МВР се на терен за да ги утврдат причините за пожарот што вчера ја зафати главната зграда на АД „Македонска пошта“ – Скопје, а на местото се уште е присутен и пожарникарски тим.

– Пред објектот дежура едно противпожарно возило со пет пожарникари заради превенција и доколку има потреба да интервенира, изјави изутринава за МИА Благоја Менковски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Тој истакнува дека синоќа пожарникарите професионално и на време интервенирале во, како што посочи, еден од поголемите пожари во Скопје.

Опожарени се дел од фоајето и неколку катови од објектот. Во гаснењето на пожарот што избувна вчера попладне околу 16 часот и 30 минути учествуваа 40 пожарникари со 20 противпожарни возила. Се претпоставува дека пожарот избувнал во сервер салите во „Македонска пошта“.

Едно лице синоќа е пренесено во Клиниката за хирушки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, поради тешкотии при дишењето. Директорката на Клиниката, Јасмина Чабуковска информира дека станува збор за маж на околу 35 години кој е во стабилна здравствена состојба.

Поради оштетувањата на зградата, управата на АД Македонска пошта – Скопје ќе функционира во објектот на Пошта 2, лоциран кај новата Железничка станица.

Директорот на Македонска пошта Рафиз Алити изјави дека поштата нормално ќе работи.

Би можело да ве интересира

Пламна пожар во куќа во Кочани, во болница завршија мајка и ќерка

Горан Наумовски

Најмалку 128 лица загинаа во големиот пожар во Хонг Конг

Пожар во магацин за гуми во Загреб, неколкумина се тешко повредени

(ВИДЕО) Горат седум облакодери во Хонг Конг – најмалку 36 мртви и 279 исчезнати

А1он

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…

(ВИДЕО) Горат неколку згради во Хонг Конг, се бројат загинатите и повредените

Горан Наумовски