Седница на пет собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за надворешна политика, за труд и социјална политика, за економски прашања и за финансирање и буџет.

Членовите на Комисијата за транспорт врски и екологија треба да дебатираат по првите читања од предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за водите, за договорите за превоз во патниот сообраќај и за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации и предлог-законот за изменаување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, во второ читање. На дневен ред на Комисијата се и Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор (прва и втора фаза) и Годишната програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2013 година.

Комисија за надворешна политика предвидено е да го слушне претставувањето на платформите за дипломатски активности на новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Јован Донев, на новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Кралството Шпанија, Слободан Чашуле, како и да ги разгледа предлог-законите за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Србија за правна помош во граѓански и кривични предмети и за изменување и дополнување на Законот за надворешни работи. На дневен ред се и предлог-законите за ратификација на Договорот за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина и за ратификација на Амандман на Статутот на Меѓународната финансиска корпорација.

На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика е предлог-законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, по скратена постапка, поднесен од пратеници од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Комисија за економски прашања треба да го разгледа предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за стандардизација во прво читање.

Првото читање на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавен долг поднесен од пратеници од опозициската СДСМ е на дневен ред на Комисија за финансирање и буџет.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски