Илија Димовски го крши законот за пушење

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски пуши цигари во кафуле во центарот на Скопје, во дел каде е забрането пушење.

За разлика од сите други кои под „најлони“ мора да пушат на ладното време, Димовски со пријател пушат и седат внатре.

Ова не е првпат, велат за А1он посетители на кафулето, Димовски да има привилегија да запали цигара и внатре. Ваквата пракса е честа во повеќе кафулиња кога се работи за пратеници или функционери, а досега никој и не бил казнет.

Казната за пушење во јавни простории каде што тоа е забрането изнесува од 150 до 300 евра за физичкото лице што го прекршува законот. Казните за правниот субјект се движат од 2.000 до 4.500 евра, а одговорното лице во правниот субјект се казнува со казна од 500 до 1.000 евра. Овие законски измени беа донесени во 2008 година, кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Димовски: Владата немаше право да прифати обврска за промена на Уставот, тоа е исто како да го продавате имотот на вашиот сосед

A1on

Илија Димовски: Владата не смее да пишува амандмани, тоа е злоупотреба на службена должност

A1on

Илија Димовски: Владата го префрли францускиот предлог во Собрание за да избега од одговорност

A1on

Димовски: Немаше гласање по Бадентер за Законот за Совет на јавни обвинители, тој не е донесен

Габриела Димковиќ-Мишевска

ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на предлогот за разрешување на Мизрахи

Драган Поповски

(ВИДЕО) Димовски: Не ме чуди ако предлог текстот за ЈО некој се осмели да го фалсификува

Драган Поповски