Започна пролетното садење на цветните леи во Скопје

Од:

„Овој временски перод од годината е најпогоден за садење на пролетен цветен расад низ градското зеленило. Затоа нашите екипи, после акциите за генерално чистење на скопските општини, деновиве започнаа со своите активности.

Природата во овој календарски период наложува обликување, уредување и одржување, со садење цвеќе и садници на зелените површини.

Така, екипите ќе извршат обновување и дополнување на цветните површини на повеќе локации низ градот, каде хризантемата ќе се замени со најзастапената виола во повеќе бои и тоа на цветните леи на локациите – трети дел на парк „Македонија“ и во булеварската жардиниера на бул.„Гоце Делчев“, а на цветните површини кај полициската станица на Бит пазар, од видот виола ќе се засадат 1.500 корења.

Обновување со цветен расад е планирано и на кружниот тек во населба Топанско Поле, потоа во зеленилото пред општина Чаир и кај споменикот „Хасан Приштина“ на реон Ректорат.

Цветниот расад е од сопствено производство на Флораком Дооел за потребите на Јавното претпријатие.

Исто така, тековно се извршуваат активностите на чистење и одржување на булеварското и блоковското зеленило низ градот, соопштуваат од ЈП „Паркови и зеленило“.

Би можело да ве интересира

Директорот на „Паркови и зеленило“ поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

„Паркови“ в недела ќе го отстрани паднатото дрво во Аеродром за кое доби најава за тужба

Маја Илиевска-Пачемска

Паркови и зеленило Скопје: Остро го осудуваме вандализмот во паркот Македонија

Ана Ололовска

Арсовска го постави Ангеле Сотировски за нов в.д. директор на ЈП ”Паркови и зеленило”

А1он

Професори против сечење на жардиниерското зеленило кај Автокоманда: Да се престане со овој бесмислен масакр

Ана Василевска

ЈП „Паркови и зеленило“ со свој придонес во „Денови на пролетта – Денови на екологијата“

Ана Ололовска