Mинистерката за образование и наука, Рената Дескоска, и претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс, денеска ја потпишаа Годишната програма за соработка за 2018 година.
Станува збор за годишна програма преку која УНИЦЕФ ќе го поддржи Министерството за образование и наука и другите релевантни институции во заедничките напори за подобрување на квалитетот на образовниот систем.
Како што информираат од Министерството, програмата за годишна соработка предвидува поддршката да биде насочена кон подобрување на системот за обезбедување квалитет преку спроведување анализа на пристапите за оценување и евалуација во земјата, зголемување на капацитетите на училишното раководство и поттикнување конкурентност кај младите луѓе.
Понатаму, УНИЦЕФ ќе обезбеди поддршка во развoj на стратегии за воведување образование што ќе придонесе за градење вредности кај младите и за професионален развој на наставниците за примена на нови наставни приоди и методологии. Активностите ќе бидат насочени и кон поддршка на стекнување знаења и вештини на клучните учесници во образованието и подигнување на свеста за важноста на учеството на децата, семејствата и заедниците во инклузивно и квалитетно образование.