Заев во Берлин на средба со Меркел

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел. Средбата е во рамки на официјалната посета на владина делегација предводена од Заев на Германија, соопшти владината прес-служба. Германската канцеларка и македонскиот премиер по средбата ќе одржат заедничка прес – конференција.

За време на посетата во Берлин, Заев е предвидено да се сретне и со претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер. Премиерот ќе има и обраќање во централната канцеларија на Фондацијата „Фридрих Еберт“.

Првата билатерална средба на премиерот Заев со германската канцеларка Меркел се одржа во Трст, во јули, лани, на маргините од Самитот „ЕУ – Западен Балкан“.

Германската канцеларка тогаш искажа поддршка за новата македонска Влада за одлучноста за суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Германија масовно ќе ја бомбардира Русија ако таа нападне членка на НАТО

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Пентагон го откажува планот за испраќање ракети „Томахавк“ во Германија

Германија го повикува Путин на преговори