Фудбалската репрезентација на Исланд за прв пат во нивната историја се пласира на Светско првенство во фудбал, а очигледно фановите се желни да ја гледаат својата репрезентација во живо.
За билети за натпреварите на Исланд против Аргентина, Нигерија и Хрватска во Групата Д од Светското првенство кое што се игра во Русија се пријавиле 66 илјади лица, односно 20 отсто од вкупната популација на Исланд, кој има 330 илјади жители.
Амбасадорот на Исланд во Русија, Берглинд Асгајсдотир изјави дека соработуваат со руските властите и се интересираат како да излезат во пресрет на фановите кои ќе отпатуваат за Светското првенство.
Исланд стигна до четвртфиналето од Европското првенство во Франција пред две години, а нивните фанови и таму беа во центарот на вниманието на фудбалска Европа.