Бројот на случаи на морбили во Европа во 2017 година порасна за 400 отсто во однос на претходната година, при што заболеле повеќе од 20.000 лица, од кои 35 починале, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО).
Според СЗО, ваквите податоци се алармантни имајќи го пред вид рекордно нискиот број од 5.273 случаи во 2016 година.
Големи епидемии на ситни сипаници лани се регистрирани во 15 европски држави.
Најтешко погодена земја минатата година била Романија, каде се регистирани 5.562 случаи на морбили, по што следи Италија со 5.006 и Украина со 4.767 заболени.