(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Царовска да поднесе оставка поради случајот со силуваното девојче

Од:

Оставката на директорот на Заводот за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми е замајување на јавноста, рече денеска Јована Мирческа од ВМРО-ДПМНЕ во обраќање пред Министерство за труд и социјална политика.

Како што истакна таа, морална и кривична одговорност мора да има и на повисоко ниво.

„Директорот што си поднесе оставка не се поставил сам на функцијата. Тој е назначен и претпоставените во хиерархијата морале да имаат увид во неговата работа и да реагираат на несоодветното постапување многу порано, пред да се случи трагедијата, односно последиците по детето. За ова одговорност имаат сите над него, почнувајќи од министерката Мила Царовска“, истакна Мирческа во своето обраќање.

Таа нагласи дека оставката на директорот е само замајување на јавноста и затскривање на вистинските виновници.

„Одговорност мора да има и во ОЈО и МВР, кои повеќе од 6 месеци не преземале никакво дејствие во насока на заштита на девојчето.
ОЈО и МВР не презеле никакво дејствие во однос на кривичната пријава против злоставувачот. Овие институции не постапиле и ги игнорирале фактите“, рече Мирческа од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаде дека скандалозниот однос на институциите и негрижата што ја манифестираат државните органи е недозволиви.

„Министерката Царовска и сите институции кои направиле пропуст во дејствувањето и не му пружиле заштита на злоупотребуваното девојче мора да сносат морална и кривична одговорност. Царовска не смее да се затскрива зад директорот на Домот и мора да преземе одговорност.

Информацијата дека е силувано и забременило малолетно девојче во државна институција, кое треба да биде под државна заштита не беше доволен повод Министерката за труд и социјални работи, Мила Царовска, да преземе итни мерки за заштита. Институциите не смеат да молчат. Судбината на детето не смее да биде жртва на неодговорноста и негрижата на власта. Одговорност мора да има. Граѓаните очекуваат одговорност и оставка од Царовска“, потенцираше Мирческа.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му