Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој е во официјална посета на Турција, вчера ја посети уникатната бугарска Железна црква Св.Стефан, која се наоѓа на брегот на Златниот рог во Истанбул.
Како што јавува БТА, ова е прва посета на странски државник откако по реставрирањето црквата беше пуштена во употреба на 7 јануари годинава од бугарскиот премиер Бојко Борисов и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Шефот на македонската држава беше пречекан од генералниот конзул на Бугарија во Истанбул, Ангел Ангелов, од свештениците во црквата, како и од главниот архитект кој работеше на реставрацијата на храмот, Фикрие Булунмаз.