Саудиската влада соопшти дека жените сега имаат право да основаат сопствени бизниси, без за тоа да бараат согласност од старател од машки пол. Со оваа мерка владата се надева дека ќе го стимулира приватниот сектор.
„Сега жените можат да основаат сопствени бизниси и да ги користат интернет услугите (на владата), без да е потребно да докажуваат дека имаат согласност од свој старател”, објавено е на сајтот на Министерството на трговијата и инвестициите.
Досега жените во Саудиска Арабија требаше да достават доказ дека имаат дозвола од старател од машки род (најчесто сопруг, брат или татко) за да може да ја започнат административната процедура.