Тачи му рече на Санино дека Владата не покажува волја да се култивира демократијата

Од:

Лидерот на ДПА, Тачи по средбата со Санино информира дека разговарале за сегашната политичка состојба во земјата.

– Ние сметаме дека Владата не покажува доволно политчка волја да се култивира демократијата кај нас. ДПА нема да биде дел од оваа игра, дел од оваа битка, туку ќе продолжиме да делуваме коректно. Во сорботка со меѓународниот фактор ќе се заложиме локалните збори да бидат фер и коректни, изјави Тачи.

Одговарајќи на новинарско прашање околу неговите проценки за претстојните локални избори Тачи рече дека состојбата кај Албанците е порелаксирана, бидејќи, спроед него, ДПА нема намера „да се тепа за Кичево каде ДУИ постојано катастрофално ги манипулира изборите“.

– Претпазливо ќе соработуваме со меѓународниот фактор за да им ги претставиме сите аргументи и факти околу манипулацијата околу изборите која веќе не е толку брутална туку пософистицирана. На средбата со Санино се договориме писмено да ги известиме до денот на изборите за сите проблеми, како и за нашите идеји за подигнање на политичката доверба, рече Тачи.

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска

Синот на Мендух Тачи стана доктор на политички науки

Жарко Настоски

Тачи од Тетово: Дводомен парламент за да не биде ускратено ниту едно право на Албанците

А1он

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

А1он