Хелсиншкиот комитет: МТСП да го испита случајот на сексуално злоставување на дете во „25 мај“

Од:

По добиените сознанија за случајот на сексуално злоставување на малолетна штитеничка од Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 мај”, со инволвираност на вработени во установата, Хелсиншкиот комитет за човекови права се обрати до Министерството за труд и социјална политика со барање за информации во врска со случајот. Од извештајот на Европскиот центар за правата на Ромите, произлегува дека штитеничката заедно со други деца од домот биле однесени на „детски летен камп”, каде непознат маж сексуално ја злоставувал штитеничката. Откако била вратена во домот, штитеничката го пријавила злоставувањето кај згрижувачите во домот, но пријавите не биле земени како релевантни и штитеничката била обвинета дека лаже. Подоцна штитеничката била пренесена во Заводот за згрижување „Ранка Милановиќ”, каде открила дека останала бремена како резултат на злоставувањето.

Во конкретниот случај, велат од Хелсиншкиот комитет, имало пријави за злоставување од страна на штитеничка во установа за социјална заштита, по кои не било постапено од страна на установата.

„За таа цел, Хелсиншкиот комитет писмено ќе се обрати до Министерството за труд и социјална политика, доколку до сега тоа не го сторило, итно да спроведе постапка преку која ќе изврши надзор над установата ’25 мај’ за конкретниот случај и ќе утврди кои се причините поради кои и покрај сознанијата за сексуално злоставување на штитеничка, вработените во установата не преземале ништо. Воедно ќе бараме Министерството да испита зошто пријавите на штитеничката не биле земени предвид од вработените во установата и дали воопшто било испитано дали наводите се вистинити и врз кои околности било заклучено дека се работи за лажни наводи? Понатаму ќе бараме Министерството да испита зошто за случајот не било известено Министерството за внатрешни работи, како би можело да се испита вистинитоста на наводите на штитеничката и како би се покренала евентуално постапка за прогон на сторителите, посредниците и оние кои знаеле, а не преземале ништо и делото го прикриле“, се вели во соопштението.

Од таму напоменуваат дека во случајот се работи за кривично дело „Трговија со дете”. Исто така, велат од Хелсиншкиот комитет, алармантна е веста дека освен предметниот случај, постојат сознанија за уште два слични случаи на малолетни девојчиња кои исто така се штитенички на установата „25 мај”.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска