Поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски, утре во 9:30 треба да бидат на рочиште во Врховниот суд во Атина, каде ќе се одлучува по нивната жалба за одлуката за екстрадиција на судот во Солун, јави дописникот на МИА од Атина.
Сослушување на Грујевски и Бошкоски пред Комитетот за азил во Солун денеска беше одложено. Тие пред Комитетот требаше да ги изнесат причините поради кои го бараат азилот во Грција.