Маж со чекан ја убил сопругата пред децата, па се фрлил од покривот

Од:

Грозоморен случај изутрината го вознемири жителите на Кичево. Маж со нож, а потоа и со чекан ја убил сопругата пред очите на нивните деца. Потоа се качил на покривот на семејната куќа, од каде што се фрлил. Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на местото каде утринава се случи убиство и самоубиство.

Семејната драма се случувала утринава околу 3.30 часот. По семејна расправија, Б.Л. неколкупати со нож ја ранил својата сопруга Л.Л. Откако увидел дека жртвата покажува знаци на живот посегнал по чекан и со него и нанел неколку удари во главата со намера да ја усмрти. Сведок на насилството биле децата на брачниот пар, 26 – годишната ќерка и 13- годишното момче кое веднаш побегнало и се засолнило кај соседи.

Ќерката, по безуспешен обид да го спречи својот татко во кој и самата претрпела повреди, го пријавила случајот во полиција. Во тој момент, таткото се искачил на покривот од семејната куќа и од висина од околу 6 метри скокнал при што починал на лице место. По пристигнување на екипа на брза помош, констатирана е смрт кај двете лица.

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани извршил увид на лице место заедно со екипа на крим техника од Министерството за внатрешни работи. Во насока на утврдување на фактите и расветлување на настанот, издадени се наредби за прибирање и вештачење на траги од лице место, за анализа на крв и урина од починатите и за вршење на обдукција на телата на починатите, информираат од обвинителството.

Би можело да ве интересира

Екс-директор, двајца вработени и поранешен вработен во „Водовод“ – Кочани ќе одговараат за злоупотреба

А1он

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип