Чешка и Словачка ја поддржуваат евро-атлантската перспектива на Македонија

Од:

Денеска во заедничка работна посета на Република Македонија престојуваа заменик министерот за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Република Чешка, Јакуб Дур и државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Словенија, Изток Мирошич.

Во македонското МНР, високите претставници од чешкото и словенечкото Министерство за надворешни работи, остварија средба со државниот секретар, Виктор Димовски, со кого разговараа за европската интеграција на Република Македонија и конкретните чекори што престојат во контекст на Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година, објавена минатиот вторник, за интеграцијата на Македонија во НАТО, како и за внатрешно-политичката состојба во нашата земја и односите со соседите.

Заменик министерот Дур и државниот секретар Мирошич, во разговорите ја потврдија јасната поддршка од Чешка и Словенија на европската и евро-атлантската перспектива на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Партијата на европските социјалисти го исклучи од членство Роберт Фицо

Полјаците и Чесите купуваат пропаднати германски компании

Чешка: Двајца мртви во пукотница во близина на основно училиште

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Пелгрини: ЕУ не може само да си игра со довербата на оваа земја затоа што доаѓа момент кога луѓето едноставно ќе престанат да и веруваат

Сиљановска-Давкова: Словачка е еден од нашите најверни и најпосветени долгогодишни поддржувачи на европската интеграција