Си-Ен-Ен: Бакр ал-Багдади бил тешко повреден во воздушен напад во мај минатата година

Од:

Лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади, бил повреден во воздушен напад во мај минатата година и морал да се откаже од контролата над терористичката група, околу пет месеци, поради неговите повреди, велат за Си-eн-eн неколку американски официјални лица.

Американските разузнавачки агенции со висок степен на доверба оцениле дека најбараниот човек во светот бил близу до сирискиот град Рака, во мај кога беше ракетниот напад, изјавија американските официјални лица. Нивната проценка е базирана на извештаи од притворените лица од Исламска држава и бегалците во северна Сирија, кои се појавија неколку месеци по воздушните напади, објаснуваат официјалните лица.

Повредите на Багдади не се сметаат за опасни по живот, но поради повредите тој не може да продолжи да командува со секојдневните операции на групата.

Во тоа време Исламска држава требаше да ја изгуби контролата над ирачкиот град Мосул, а нејзиниот т.н. главен град Рака беше речиси опкружен со сили поддржани од САД. Не е познато дали Багдади бил погоден во нападот со цел или бил само „колатерална штета”. Исто така е нејасно кој ги испукал проектилите. Американските официјални претставници не го знаат точниот датум на ракетниот напад, па не се сигурни дали е вмешан коалициски авион или дали повредите на Багдади биле резултат на руски проектили.

„Имаше изолирани напади од страна на Русите во Рака, но бидејќи нема временска рамка за тоа, не знаеме дали е наше”, вели американски официјален претставник.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска