Презентирана Програмата за развој на спортот во периодот 2013-2017 година

Од:

Во Агенцијата за млади и спорт (АМС) денеска се одржа прес-конференција по повод донесувањето на петгодишната Програма за развој на спортот во Република Македонија за период 2013-2017 година.

Директорот на АМС Лазар Поповски информираше за целта на донесувањето на овој документ кој беше усвоен и на седница на Влада.

– Со овој документ верувам дека се става крај на транзицијата во спортот. Конечно се дефинираат насоките каде македонскиот спорт ќе се развива во следниве пред се пет години. Постапката за изработка на оваа Програма се базираше на изработка на стручни анализи на моменталните состојби во спортот, а во нејзиното изготвување учествуваа Националните спортски федерации, МОК, еминентни стручни лица, голем број на институции, спортисти и спортски работници, како и тимот од АМС, истакна Поповски.

Приоритети во развојна смисла на оваа Програма се дефинирање на насоките, а тоа се:

– Законот за спорт и правните акти кои го регулираат спортот и новата категоризација за постигнати спортски резултати.
– Финансирањето на спортот и формирање Фондација за спорт.
– Спортот во институциите (предучилишен училишен, универзитетски, армиски и полициски).
– Врвниот спорт (олимписки и неолимписки).
– Спорт за сите (рекреативен спорт).
– Спорт за лица со телесен инвалидитет.
– Спорт во единиците на Локалната самоуправа.
– Спортот медиумите и спонзорите.
– Спортската инфраструктура.

Поповски најави засилена меѓународна соработка во следниот период и отворање на Македонија кон светот во делот на спортот и кон развојот на спортската дипломатија. Тој се заложи и за бескомпромисна борба со допингот и насилството на спортските терени.

– Во стратегијата се опфатени и двете најголеми опасности на современиот спорт, допингот и насилствата на спортските терени. Веќе се работи на промена на кривичниот законик со што би добиле дополнителни ингеренции во борбата за искоренување што е можно повеќе на овие зла, рече Поповски.

Програмата постојано ќе се надградува, мерки, решенија, унапредувања во континуитет ќе се превземаат се во правец на постигнување просперитет во спортот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска