Вечерва официјално почна карневалот во Рио де Женеиро кој, според локалните власти, ќе привлече 1,5 милиони туристи и ќе генерира приходи од повеќе од една милијарда долари.
Традиционално, карневалот почна со тоа што градоначалникот на Рио де Женеиро Марсело Крива на кралот Момо, домаќин на карневалот, му врачи симболичен клуч од градот украсен со светкави камења.