Операторите за железнички товарен сообраќај на Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора ќе ја унапредуваат соработката за да обезбедат поквалитетни услуги на деловните партнери со што ќе приднесат за зголемување на обемот на транспортот.
Идните активности се договарани на состанок на директорите во надлежните сектори во Македонски Железници Транспорт АД Скопје, SŽ-Tovorni promet d.o.o., HŽ Cargo d.o.o., Akcionarsko društvo za železnički prevoz robe „Srbija Kargo“ Beograd, Željeznice Republike Srpske a.d., и AD Montecargo, што се одржа во изминатите два дена во Порторож.
Потпишан е меморандум за соработка со кој е договорен заеднички ангажман за развој на нови квалитетни услуги за своите коминтенти, што позитивно ќе се одрази на економскиот развој на регионот и на пренасочување на тековите на стоката од патен преку железнички превоз.