Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

Од:

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре со македонскиот колега Благој Бочварски ќе потпише Меморандум за изградба на брза пруга од Ниш до Скопјесо цел заеднички да аплицираат за средства од Европската унија.

– Ќе потпишеме Меморандум со Македонија и јас сум особено горд на тоа, нагласи Весиќ во изјава за белградски медиуми.

Тој изјави дека во тек е проектирањето на делницата Ниш – Прешево, долга 135 километри, а македонските партнери ќе ги проектираат „своите“ 50 километри од границата до Скопје.

Оваа вест изгледа како информација од иднината со оглед на состојбите во македонските железници, било во МЖ Транспорт било во ЈП Инфраструктура.

Првото укинува месечно по една линија во оскудниот патнички сообраќај и не може да поправи ниту една локомотива, второто пак не се грижи доволно за пругите и последниот случај со железничкиот мост на Црна река кај Стоби, Градско е сведок во каква ситуација се наоѓаат двете државни компании.

Поради попуштање на мостот, пругата е пропадната и целосно нефункционална на истиот мост кој во 2018 година исто така попушти и беше саниран. Благодарение на присебноста на машиновозачот, товарниот воз навремено запрел и избегната е катастрофа.

Од Македонски железници соопштија дека поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река, на линијата Гевгелија – Велес, поточно помеѓу железничките станици Кукуричани – Градско (во близина на Стоби), железничкиот сообраќај на овој патен правец е во прекин, (и патнички и товарен), но патничкиот сепак се одвива со „премостување“ – со автобуски превоз.

На барање на Македонски железници професори од Градежен факултет вчера биле излезени на терен и извршиле увид на состојбата со мостот. Потоа биле на состанок во ЈП Македонски железници се со цел изнаоѓање на решение за санација на мостот и мерки и активности кои што треба да се превземат за да се надмине настанатата состојба.

Поради расипана локомотива неколку дена не сообраќа возот Скопје-Битола преку Велес и Прилеп. Возот завчера попладне во 14:30 часот не тргна од Железничката станица во Скопје, поради што и вчера утро не сообраќаше возот од Битола за Скопје преку Прилеп и Велес.

На велешката железничка реагираа патниците од селата во регионот Азот како Богомомила, Ореше и Папрадиште кои со овој воз одат на работа или на училиште во Скопје.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Бочварски: Драго ми што го решивме станбеното прашање на семејството Грозданов од Кочани, ова е заедничка акција на општеството

Бочварски – Рустеми: Коридорот 8 е стратешки проект, пратениците да го изгласаат законот за доизградба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Бочварски: Со домашна и меѓународна поддршка се работи на надминување на проблемот со сајбер нападот во АД МЕПСО

Бочварски: Инвестираме милион евра во нов видео надзор на сите гранични премини за поефикасен транспорт

Горан Наумовски

Бочварски: Подденакво ги развиваме сите региони, инвестираме за подобри патишта во градовите и руралните места