Изградбата на железничкиот дел од Коридорот 8, приоритет на владите во Македонија и Албанија

Од:

Изградбата на Коридорот 8 во железничкиот дел кој треба да ги поврзува Албанија и Македонија која е предвидена да поминува преку Кичево-Струга-Лин и треба да стигне се до Драч во Албанија е приоритет на двете влади, изјавија директорите на двете железнички компании Ирфан Асани и Ани Дурмиши по средбата во Скопје.

Директорот на Јавното претпријатие Македонски железници- Инфраструктура, Ирфан Асани, својот албански колега Ани Дурмиши го информираше за активностите кои ги преземаат македонските железници и македонската влада за изградба на железничката делница Кичево-Струга-Лин.

„Од македонска страна веќе е изготвен финалниот проект за изгрaдба на пругата од Кичево до албанската граница, кој ќе ги покаже точките на поврзување на двете железници“ рече директорот на МЖ инфраструктура Асани.

Според директорот на Албанските Железници Ани Дурмиши, приоритет на албанската влада е изградба и железнико поврзување меѓу Албанија и Македонија.

„Досега сме ја завршиле физибилити студијата за овој дел од железницата кој треба да ги поврзува двете држави, се надеваме дека многу брзо ќе ја знаеме и вкупната вредност на овој проект, но би сакал да нагласам дека албанската влада и дала посебен приоритет за играда на овој дел од железничката инфраструктура која ќе донесе економски придобивки за двете држави”, истакна Дурмиши.

Железничкото поврзување на Албанија и Македонија ќе има економски придобивки за двете земји, бидејќи Албанија ќе се поврзе преку изградба на оваа делница, со желзници со Бугарија, додека Македонија ќе се поврзува со пристништето во Драч, Албанија.

Јавното претпријатие Македонски Железници – Инфраструктура и Албанските железници имаат потпишано меморандум за соработка кој предвидува координирање и заеднички настап пред меѓународните фондови на ЈП МЖ инфраструктура – Скопје и Албанските железници за обезбедување средства за железничко поврзување на Македонија и Албанија, односно изградба на пругата Кичево-Лин.

Се очекува до 2023 година, Коридорот 8 во железничкиот дел целосно да биде функционален. На крајот на средбата двајцата директори се заложија за интензивирање на соработката.

Би можело да ве интересира

Досадно реми во Тирана: Албанија-Србија без голови

ВИДЕО: Пред мечот Албанија-Србија во Тирана повторно сцени со кинење знамиња

Предраг Петровиќ

Еди Рама повторно победник на изборите во Албанија

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија