Во обид да се справат со порастот на мигранти од Венецуела поради економската криза, Колумбија и Бразил најавија заострување на контролата на границата.
Колумбија ќе воведе построга мигрантска контрола, ќе го прекине издавањето на гранични карти, но сепак ќе им дозволи на Венецуелците привремен влез во земјата за набавка на храна и лекови.
Според претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, неговата земја троши милиони долари за поддршка на мигрантите.
Бразилските власти најавија дека ќе распоредат дополнителни војници на границата со Венецуела и дека ќе започнат со преместување на илјадниците венецуелски бегалци кои бараат храна, работа и засолниште.
И двете земји најавија дека ќе ги пребројат венецуелските мигранти на нивата територија.
Венецуела е зафатена од тешка економска криза поради лошите политики на власта на Мадуро.