Стечајот на „Фени“ ќе биде преку реорганизација, плановите готови за 30 дена

Од:

Најрано за еден месец банките и стечајниот управник на „Фени“ треба да направат планови за реорганизација на фабриката откако денеска едногласно Одборот на доверители изгласа стечајот на комбинатот да биде преку реорганизација.

Банките и стечајниот управник се задолжени да направат одделни планови за реорганизација. Имаат рок од најмалку 30 дена, а најмногу 45 за да го направат планот. По кој план ќе се одвива реорганизацијата, ќе одлучи Собранието на доверители.

На денешното рочиште за стечајот на „Фени“ во велешкиот суд беше утрвдено дека за долговите на комбинатот, кои ги утврди стечајниот управник, пристигнале 33 приговори, од кои повеќето се отфрлени и утврдената сума за вкупниот долг од 76,5 милиони евра што го има комбинатот нема значително да се менува.

По рочиштето, Пецо Ристовски, претседател на Синдикатот на вработените во индустријата, енергетиката и рударството, рече дека се надева оти стечајот нема да трае долго, очекува сите вработени да останат на работа и да земаат плати.

Во фабриката веќе се подготвува рестартирање на производната линија кога Одборот на доверители на „Фени“ во стечај склучи договор со швајцарското друштво GSOL за преработка на никелова руда за месечен надомест од 1.200.000 евра. Фабриката ќе почне со работа кога ќе заврши набавката на руда. Швајцарците најавија дека сите вработени остануваат на работа, а средствата од 1,2 милион евра се наменети за плати и трошоци за фабриката.

Би можело да ве интересира

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Левица: ФЕНИ ќе почне со работа на штета на вработените , бараме национализација

Предраг Петровиќ

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

A1on

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он