Средба Димитров-Бјорнстад: Норвешка ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска одржа средба со амбасадорот на Кралството Норвешка во Република Македонија, Арне Санес Бјорнстад. Во фокусот на разговорот беше норвешката поддршка за евроатлантската интеграција на Македонија, вклучително и норвешката проектна помош насочена кон подобрување на подготвеноста на Македонија за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ.

Истакнувајќи дека патот кон ЕУ не претставува предизвик само поради критериумите за членство, туку и заради сложеноста на самиот процес на преговори, министерот за надворешни работи Димитров изрази благодарност кон Кралството Норвешка за долгогодишната поддршка и проектна помош за Република Македонија.

Амбасадорот Бјорнстад ја реафирмираше поддршката за Евроатланската интеграција на Македонија и неопходните реформи и информираше за одлуката на Норвешка за двојно зголемување на финансиската помош за Македонија во наредниот период.

И покрај тоа што не е ЕУ членка, Норвешка во континуитет го споделува своето исцрпно искуство во преговарањето и одржувањето тесни врски со Унијата преку Европската економска област, Шенгенската зона и други форуми на соработка, унапредувајќи ги на тој начин административните и законодавните капацитети на Македонија за спроведување на неопходните реформи и отворање на пристапните преговори. Ваквата поддршка беше дополнително унапредена и со потпишувањето на Заедничката изјава за партнерство и соработка меѓу двете земји во август 2017 година во Осло.

Последна потврда за истата е започнувањето на проектот за техничка помош наменет за подобрување на капацитетите за процесирање и заштита на документи и унапредување целокупниот систем за комуникации на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, како корисник на проектот. Спроведувањето на овој проект со времетраење од 12 месеци е предвидено да заврши до крајот на 2018 година, додека проценетата вредност на средствата за неговото спроведување изнесува 1,5 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски