Работилница за искуствата на општините во управувањето со отпадот

Од:

Работилница на тема „Циркуларна економија: искуства на локалните самоуправи во управување со отпадот“ ќе се одржи денеска во Велес, во организација на Канцеларијата на Народниот правобранител со поддршка на амбасадата на Кралството Холандија.

На отворањето на работилницата ќе се обратат народниот правобранител Иџет Мемети и холандскиот амбасадор Воутер Пломп.

Истражувањето спроведено од институцијата Народен правобранител за состојбата со депонирањето на отпадот во Македонија ќе го презентира Нико Бојаџиев, државен советник во Канцеларијата на Народниот правобранител, а за моменталната ситуација со отстранување на отпадот ќе зборува Јадранка Иванова, раководител на Секторот за ЕУ при Министерството за животна средина и просторно планирање.

За искуствата за управувањето со отпадот во Холандија ќе говори Ханс Бројкелман, а на тема „Вовед во циркуларна економија“ презентација ќе има Ханс Ван Ек.

Би можело да ве интересира

Тело на бебе пронајдено на отпад – работниците повикаа полиција

А1он

Шукова: Во моментот 99 отсто од отпадот кој се собира во Скопје се депонира на Дрисла, тоа не се европски пракси

Гори отпад од стари автомобили во Куманово

А1он

Град Скопје: Фирма затекната при вршење нелегални активности, правење дива депонија со градежен и опасен отпад

Дудуш: Данела нека внимава со какви спектакуларни бројки и изјави се појавува во јавност

Горан Наумовски

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто