Судењето за „Сопот“ почна од почеток

Од:

Поради смена на судискиот совет, судењето за „Сопот“ почна од почеток. Обвинетите кои беа присутни се изјаснија дека го разбираат обвинението и остануваат на тоа што го кажале. На четворица обвинети ќе им се суди во отсуство.

На следното рочиште исказ ќе дадат полициски инспектори. Треба да се сослушаат сведоците.

Адвокатот Насер Рауфи рече дека можеби ќе сведочат и поранешниот шеф на тајната служба, Сашо Мијалков и ексминистерката за вантрешни работи Гордана Јанкулоска, ако судот ги прифати за сведоци.

Следното рочиште е закажано за 2 март.

Станува збор за случај од 2003 годинa, кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина на локалниот пат Сушево – Сопот. Во овој случај десет лица беа осудени за тероризам. Тие се товарат дека подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево – Сопот.

В.М.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов