Министерот Дураки на конференција за еко-инвестиции за квалитет на воздухот во Софија

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, денеска учествуваше на Конференцијата за еко-инвестиции за квалитет на воздухот (21 Европски форум за екоинвестиции), која се одржува денеска и утре во Софија.

Конференцијата се организира во рамките на Бугарското претседавање со Советот на Европа и има за цел да ги испита екоиновативните решенија за подобрување на квалитетот на воздухот. Форумот ги собра компаниите и јавните власти кои веќе успеале да развијат и имплементираат ефикасни нови технологии или иновативни модели за бизнис и управување, и оние кои бараат такви решенија и практики.

Исто така се дискутираше и за тоа како ќе се обезбеди финансирањето за екоиновативни решенија.

Овој настан е заеднички организиран од Генералниот директорат на Европската комисија за животна средина и Министерството за животна средина и вода на Република Бугарија.

Во рамките на посетата министерот Дураки оствари работна средба со бугарскиот министер за животна средина и води, Нено Димов на која се дискутираше за можностите за унапредување на соработката во областа животна средина помеѓу двете министерства. Посебен интерес беше посветен на позитивните искуства на градот Софија кој има воспоставено модерен и интегриран систем за управување со комунален отпад кој ги задоволува барањата на европското законодавството за отпад. По средбата министерот Дураки го посети градското претпријатиеје за управување со отпад каде остври средба со директорот на претпријатието и тимот на општината.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари