Реакцијата на СЕММ за вчерашниот инцидент со новинарот на ТВ 21 на прес-конференција во МНР

Од:

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува однесувањето на претставникот на МНР кој на вчерашната прес – конференција на посредникот Метју Нимиц се обидел да го спречи новинарот на ТВ21, Фуркан Салиу, да постави прашање, како и заканите што следувале подоцна за одземање на неговата акредитација.

„За СЕММ е целосно неприфатливо на каков и да е начин да се спречува професионалната работа на новинарите, која треба да биде ослободена од какви било закани и притисоци.

Советот за етика го повикува МНР да ги преземе неопходните мерки за да го расчисти случајот и да спречи повторување на ваквите инциденти. Упатувањето какви било закани кон новинарите од страна на институциите не смее да биде метод со кој ќе се спречува известувањето за теми и прашања од интерес на јавноста.

Во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права, безбедноста на новинарите мора да биде ослободена од какви било закани и притисоци, а државата е одговорна за преземање на сите активни мерки со цел да се создаде и одржува поволна клима за слобода на изразување“, се вели во реакцијата на СЕММ по повод вчерашниот инцидент со новинарот на ТВ 21 на прес-конференција на МНР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март