Македонскиот претседател Ѓорге Иванов и комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Муижниекс на денешната средба размениле мислења за тековните реформски процеси во Република Македонија, владеењето на правото и состојбите од аспект на почитување на човековите права.
Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, посочил дека Република Македонија негува највисоки стандарди во заштитата на човековите права и правата на заедниците, оценувајќи дека како унитарна држава со мултиетничко општетство, таа е најпозитивниот пример во регионот со својот модел на почитување на различностите.
На средбата биле разменети мислења и за новиот Закон за употреба на јазиците, при што македонскиот претседател ги повтори аргументите поврзани со неговата одлука да не го потпише указот за негово прогласување.